Општина Ѓорче Петров ја започна редовната пролетна акција за дератизација, дезинсекција и дезинфекција, со цел создавање почиста, побезбедна и поздрава средина за сите граѓани.
Акцијата опфаќа теренски активности на целата територија на општината, вклучително:
-третман на 2.500 шахти со по два мамци за уништување на глодари;
-дезинсекција на јавни површини;
-дератизација и дезинсекција на сите основни и подрачни училишта.
Со акцијата се опфатени сите населени места: Дексион, Мирче Ацев, Ѓорче Петров, Хром, Даме Груев, Ново Село, Волково и Александрија, која од минатата година е дел од редовната пролетна дератизација.
Посебно внимание се посветува на образовните установи, со цел да се обезбеди здраво и безбедно училишно окружување за учениците. Активностите се спроведуваат од стручни екипи и надлежни служби, како дел од системскиот пристап на општината за унапредување на животната средина и заштита на јавното здравје.
-Грижата за здравјето и безбедноста на нашите граѓани, особено на најмладите е наша трајна обврска, рече градоначалникот Александар Стојкоски, осврнувајќи се на акцијата.
Општината апелира до жителите да бидат внимателни при движење во периодот на третманите и да соработуваат со екипите на терен за успешно спроведување на активностите.