Скопје Без струја

Прекин на струја во повеќе општини во Град Скопје

Денес од РУЦ известуваат дека поради технички зафати без електрична енергија ќе останат делови на Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Прекин на струја во повеќе општини во Град Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 11.07.2025 година (петок), без електрична енергија ќе останат:

– од 07:00 до 12:00 часот, дел од корисниците од ул. 516 во нас. Керамидница. (Општина Гази Баба)
– од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од дел од нас. Долно Нерези. (Општина Карпош)
– од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Славка Динкова во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Мијачка во нас. Дексион. (Општина Ѓорче Петров)

To top