Скопје Денот на Кралот

Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија

Сите велосипедисти ќе се чекаат во 16:00 на платото на Ист Гејт Мол за Портокаловата велосипедска тура, како и во 17:00 за отварањето на Деновите на Холандија во Ист Гејт.

Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија

Амбасадата на Кралството Холандија и Гоу Грин – Скопје денеска, првпат во Скопје, организираат Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија – Денот на Кралот.

Турата ќе се одржува по примерот на Orange Bike Ride што се одвива низ целиот свет за време на Денот на кралот на Кралството Холандија. Предвидено е да се возат велоспиеди околу Ист Гејт Мол, а на настанот, како што е најавено, ќе има подароци, музика, храна. Во Ист Гејт ќе има и изложба и натпревар за најдобро украсен велосипед од повеќе средни училишта од Скопје.

Сите велосипедисти ќе се чекаат во 16:00 на платото на Ист Гејт Мол за Портокаловата велосипедска тура, како и во 17:00 за отварањето на Деновите на Холандија во Ист Гејт.

To top