Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, ги известува граѓаните дека, на ден 14.12.2023 година (четврток); поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе населени места.
Без струја ќе бидат:
-Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа и делови од улиците: Никола Тримпаре, Дебарца, Коста Кирков, Борка Талевски и бул. Св. Климент Охридски. (Општина Центар)
-Од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од улиците: Индира Ганди, Хаџи Јован Шишов и Тиквешка. (Општина Шуто Оризари)
-Од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од улиците:Ташко Караџа и Бапчор. (Општина Гази Баба)
-Од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од с. Крушопек. (Општина Сарај)
-Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
-Од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Фрањо Клуз бр. 7. (Општина Аеродром)