Скопје

Под покровителство на општина Ѓорче Петров: Фолклорна манифестација за сите генерации

Во деновите што следуваат, доколку временските услови бидат соодветни, ќе бидат одржани уште културно-забавни настани за сите генерации.

Под покровителство на општина Ѓорче Петров: Фолклорна манифестација за сите генерации

Под покровителство на Општина Ѓорче Петров, во недела во реонскиот парк со почеток од 12 часот ќе биде реализирана манифестацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево”.

Станува збор за фолклорна манифестација на која три години во континуитет, односно веќе традиционално во Ѓорче Петров, по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат нашето богато фолклорно наследство. Целта е да се поттикне интересот кај најмладите за негување и зачувување на македонската традиција.

Овогодишни учесници се членовите од детските ансамбли на:

• КУД „Гердан од бисери“ – Охрид

• ансамбл „Керамичар“ – Велес

• КУД „Димитар Беровски“ – Берово

• ансамбл „Орце Николов“ – Скопје

• ансамбл „Јонче Христовски“ – Скопје

• ЕФЗ „Седум осмини“, од Скопје

Манифестацијата е во организација на Едукативното фолклорно здружение „Седум осмини” од Ѓорче Петров и истата е дел од одбележување на Денови на Општина Ѓорче Петров.

-Во деновите што следуваат, доколку временските услови бидат соодветни, ќе бидат одржани уште културно-забавни настани за сите генерации. Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во одбележување на Денови на Општина Ѓорче се до 20 септември, кога е предвиден централниот настан, велат од општината.

To top