Скопје „Во општината има и кој да го наплати“

Општина Арачиново: Арачиновци плаќаат данок

Општина Арачиново од вкупно 2675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422 % раст.

Општина Арачиново: Арачиновци плаќаат данок

Арачиновци плаќаат данок, а во Општината има и кој да го наплати! „Арачиновци не плаќаат данок” тоа е веќе минато. Со доаѓањето на новиот градоначалник Ридван Ибраими на чело на Општината работите почнуваат да се менуваат драстично, од ден на ден Арачиново бележи само успеси во сите сфери, а успесите ги потврдуваат и релевантни меѓународни организации, велат од општина Арачиново.

Денес во Скопје, во хотел Холидеј Ин во организација на УСАИД се одржа презентација на соработката со повеќе партнер општини, а градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими ги презентираше податоците за 2023 година во делот на собрани даноци.

Општина Арачиново од вкупно 2675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422 % раст.

Преставникот на УСАИД Бардил Марку во однос на соработката и резултатите за општина Арачиново село време зборуваше во суперлатив, и ја нарече Арачиново „успешна приказна” УСАИД исто така ја пофали Општина Арачиново и во делот на фискалната транспарентност како општина со најголем раст во 2023 година.

Според најновите истражувања Општина Арачиново од 16 максимални индесни поени освоила 12 што е најголем раст, а исто така Арачиново бележи значително голем раст и во активната транспарентност.

На крајот од денешната презентација, како што рече и самиот градоначалник Ридван Ибраими, Арачиново не е веќе ,,црна овца” туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со многу по големи Општини и финансиски по јаки од нас, но нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне.

Градоначалникот Ибраими исто така им честиташе, но истовремено им се заблагодари на општинската администрација и посебно на граѓаните на Арачиново за постигнатите резултати.

To top