Општина Ѓорче Петров набави мултифункционално возило – специјализиран мулчер, наменет за поефикасно одржување на јавните зелени површини.
Воведуваме поодржлив пристап кон животната средина – преку мулчирање, процес со кој органската маса се враќа во почвата, придонесувајќи за нејзино природно збогатување и намалување на отпадот, објави градоначалникот на општината Алекасндар Стојкоски.
Во таа насока, набавено е ново мултифункционално возило – специјализиран мулчер, наменет за поефикасна работа на терен и подобро одржување на јавните зелени површини.
-Побрзо косење и уредување – без чекање
-Помалку отпад – тревата и гранките се враќаат во почвата
-Порамни и поубави зелени површини за сите
Конкретни чекори што носат видлива разлика на терен – почисто, поуредено и пофункционално Ѓорче Петров.
🌿 НОВО МУЛТИФУНКЦИОНАЛНО ВОЗИЛО СО МУЛЧЕР – ВЕЌЕ НА ТЕРЕН!
Воведуваме поодржлив пристап кон животната средина – преку…
Posted by Александар Стојкоски on Monday, March 30, 2026