Дексион добива нова детска градинка!
Општина Ѓорче Петров и Министерството за социјална политика демографија и млади потпишаа договор за изградба на нова детска градинка за 120 дечиња!
-Локација: Населено место Дексион
-Вкупна инвестиција: 82 милион денари
-Површина: 900 метри квадратни
-Најмладите од општината ќе имаат можност за квалитетен престој и развој во средина која ги подготвува за училишни успеси.
Продолжуваме со реализација!
Во тек е изградбата и на градинката во населено место Стопански двор, а наскоро започнуваме со процесот за апликација на нова градинка во Александрија.
Заедно создаваме подобра иднина за нашите најмлади жители!, пишува Стојкоски во својата објава.