Скопје скопје

Марковска Илиевска: Неспроведување на Одлуката на Советот е резултат на самоволието на Арсовска, скопјани да знаат дека виновникот за хаосот на улиците има име и презиме – Арсовска и СДС

Данела Арсовска и СДС вчера беа спречени во обидот да го блокираат и парализираат Скопје, рече на денешната прес-конференција Анета Марковска-Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.

Јасна е работата. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е градот Скопје да ги измени правилниците и цените по изминат километар за приватните превозници, а предлогот на СДС, поддржан од Левица и ДУИ е да се поскапи автобускиот билет за граѓаните. На вчерашната седница на Советот се изгласа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, и Данела Арсовска го поништи гласањето. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ направија се што е во нивна можност да се реши проблемот со приватните превозници, се што требаше е Данела Арсовска да не води инает со Скопјани и да го спроведе Заклучокот донесен од Советот. Скопје не смее да биде блокирано заради инает на една личност. Неспроведувањето на одлуката е резултат на самоволие и насилие на Данела Арсовска, поддржано од Левица, СДС и ДУИ. Поништувањето на легитимно и легално гласање постои во резимот на Чаушеску, во Северна Кореја и денес кај Данела Арсовска. Ако нема решение до понеделник, какво и да е приватните превозници нема да сообраќаат и повторно нема да функционира јавниот превоз, истакна Марковска Илиевска.

Скопјани да знаат која е адресата на виновникот за хаосот на улиците – Данела Арсовска и СДС, додаде таа.

Најнови вести од Скопје

To top