Општина Ѓорче Петров во соработка со Кинотека Македонија првпат организира низа на филмски проекции низ повеќето населби на територијата на општината.
Филмскиот караван започнува овој викенд (6-ти и 7-ми јули) во населба Хром, поточно на полјанката.
Проекциите ќе се реализираат по следниот редослед: 6-ти јули (сабота) во 21 часот – филм за деца до 15 годишна возраст „Стела” во режија на Стојан Вујишиќ. На 7-ми јули во недела во 21 часот предвидена е проекција на филм за повозрасната генерација “Те дуа, жими мене” – филм на Марјан Гавриловски.
Целта на овој проект е промоцијата на културата, како и промовирање на македонски филмови, со цел да ги зачуваме вредностите и културолошки да ја издигнеме нашата општина.