Скопје филмски проекции

„Летно кино“ викендов во Ѓорче Петров

Целта на овој проект, како што се наведува во соопштението, е промоцијата на културата, како и промовирање на македонски филмови, со цел да ги зачуваме вредностите и културолошки да ја издигнеме нашата општина.

„Летно кино“ викендов во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров во соработка со Кинотека Македонија првпат организира низа на филмски проекции низ повеќето населби на територијата на општината.

Филмскиот караван почнува овој викенд, на 6-ти и 7-ми јули во населба Хром, поточно на полјанката.

Како што информираат од општинската прес-служба, проекциите ќе се реализираат по следниот редослед: во сабота во 21 часот ќе се прикаже филмот за деца до 15-годишна возраст „Стела” во режија на Стојан Вујишиќ. Во недела во 21 часот предвидена е проекција на филмот за повозрасната генерација “Те дуа, жими мене” на Марјан Гавриловски.

To top