Скопје Крводарителска акција

Крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров

Со дарување крв, граѓаните директно придонесуваат за спасување на човечки животи и покажуваат солидарност и хуманост кон заедницата, велат од општината.

Крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров

Крводарителска акцијата ќе се реализира денеска од 12 до 18 часот во Центарот за култура во Ѓорче Петров, како дел од Планот за социјална, здравствена и детска заштита на општината.

Општина Ѓорче Петров ги повикува сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат кон оваа акција и со својот придонес да помогнат во обезбедување доволни количини крв за оние на кои им е неопходна.

– Со дарување крв, граѓаните директно придонесуваат за спасување на човечки животи и покажуваат солидарност и хуманост кон заедницата, велат од општината.

To top