Професорот Влатко Костовски со кинолошкиот клуб „Македонски паничар“ по трет пат традиционално ја организираше националната изложба за оваа автохтона раса, објави Александар Стојкоски градоначалникот на општина Ѓорче Петров.
Имено, тој потенцира дека посветеноста на групата ентузијасти ја става општината на мапата на светската кинологија, а Република Македонија после 1939 година со можност да добие уште две автохтони и светски признаени раси на кучиња.
Огромната посветеност и организација резултираа со учесници од 41 училиште од целата држава, на ликовниот и литературниот конкурс.
-Со најголема почит сакам да искажам јавна благодарност за тимот што ја става и општината на пиедесталот на најразвиени кинолошки локации, истакна Стојкоски.