Скопје

Казнети 131 возач во Скопје

Казнети 131 возач во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за управување под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

To top