Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна тридневна акција за чистење на пешачките и велосипедските патеки долж булеварот Александар Македонски во скопската општина Гази Баба.
Во рамките на акцијата се реализира чистење, како и рачно и машинско метење и миење на целокупниот простор на патеките, со цел непречено движење на пешаците и велосипедистите.
Активностите се одвиваат во координација со ЈП Паркови и зеленило.