Хуманоста во духот на празниците, деновиве им е потребна на многумина.
Денес во Ѓорче Петров се реализираше хуманитарна акција. Беа донирани новогодишни пакетчиња, но и пакети со повеќе други продукти во црквата Свети Петар и Павле.
Во хуманата акција свое учество зема општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Рози Мицкоска, сопруга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.