-Голема благодарност до најухуманите еснафи, нашите бербери, Александар Стојкоски градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
-Гордост е да имаш вакви пријатели за свои сограѓани, посветени на заедницата и секогаш спремни да помогнат во нашето Ѓорче. На сопствена иницијатива денес ја организираа оваа хумана предновогодишна активност, бесплатно шишање за пензионери и лица од ранливи категории, наведе во објавата.
-Благодарам многу на Мики, Пеко, Нено, Боки, Даме, Спасе, Брицо Малеш, Љупчо и Аце пекар, објави Александар Стојкоски на својот фејсбук профил.