Скопје

Ѓорче Петров добива ново основно училиште, нова детска градинка, нов парк на 10.000 м2 и за првпат катна гаража ќе се гради во општината!

Ѓорче Петров добива ново основно училиште, нова детска градинка, нов парк на 10.000 м2 и за првпат катна гаража ќе се гради во општината!

Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната вонредна седница на Советот без ниту еден глас против, го изгласа ДУП-от за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Ѓорче Петров, со што општината во овој дел ќе прерасне во едно модерно и урбано место да живеење, место со кое што сите ќе се гордееме и ќе биде ликот на општината, истакна градоначалникот Стојкоски.

Изгласаниот ДУП се простира на делот од новиот кружен тек помеѓу Ѓорче Петров и Влае, непосредно до населбата Александрија, па се до наплатниот пункт на ЕВН непосредно пред мостот кон Даме Груев, со што се опфаќа целиот простор спроти пазарот во Ѓорче Петров. Со урбанизирање на овој дел од општината, овозможуваме изградба на:

Ново основно училиште
Нова детска градинка
Нов парк од 10.000м2 во срцето на Ѓорче Петров
Дополнителни нови 8,5 хектари зеленило надвор од градежните парцели (повеќе од предвидениот законски минимум)
Нови детски игралишта
Нов спортски центар
Ново булеварско решение
Нов трговски центар
Нови развојни погони
Катна гаража

Огромна благодарност до Секторот за урбанизам во Општина Ѓорче Петров кој во изминатиот период макотрпно работеше на изработката на овој план и со голема желба настојуваше ДУП-от за градска четврт СЗ 16 да биде донесен, со што ќе можеме да го разубавиме и развиеме Ѓорче Петров, додаде Стојкоски.

Овој план ги исполни сите урбанистички норми и ќе претставува пример како секој план треба да биде донесуван во партнерство со граѓаните. За овој план позитивно мислење покрај граѓаните, дадоа сите вклучени институции, вклучувајќи ги и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана.

Денешниот ден ќе биде запаметен како денот кога Ѓорче Петров доби нов лик и стана општина којашто ги поседува сите потребни елементи на секојдневното живеење, место кое што ќе ги задоволи потребите на сите категории жители во нашата општина, завршува Стојкоски.

To top