Поради дефект на улицата „Леринска“, прекинато водоснабдување имаат дел од корисниците од оваа улица, вклучително и објектот на Германска амбасада, информираат утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Во соопштението се наведува дека вода нема од 8:40 часот.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.