Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 21.05.2024 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
Од 08:00-14:00 часот, корисниците од дел од с. Студеничани. (Општина Студеничани)
Од 09:00-14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ринхини и Езерци во нас. Влае. (Општина Карпош)
Од 10:00-12:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 2, во нас. Карпош 3. (Општина Карпош)
Од 13:00-14:30 часот, корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов, (објектите во околината на Градинката Пролет). (Општина Карпош)