Со долгогодишна посветеност, креативност и професионализам, Борис Дамовски ја заокружува својата успешна кариера како графички дизајнер и аниматор во ТВ Алфа, заминувајќи во заслужена пензија.
Во текот на изминатите пет години, Дамовски остави значаен белег во визуелниот идентитет на телевизијата, создавајќи препознатливи графички решенија и анимации кои беа дел од секојдневната програма. Неговата работа не само што придонесе за естетиката на медиумот, туку и за професионалната препознатливост.
Борис Дамовски во последните неколку месеци од неговиот работен ангажман во ТВ Алфа на колегите им помогна и ги поддржа нивните проекти и надвор од телевизијата за што му искажуваме бескрајна благодарност.

Борис Дамовски ќе биде запаметен како човек со силен тимски дух, секогаш со желба да помогне и да даде поддршка на сите околу себе.
По повод неговото пензионирање, му упатуваме искрени честитки и благодарност за сè што направи. Му посакуваме добро здравје, мирни денови и многу убави моменти исполнети со радост и нови лични предизвици.
Среќно пензионирање, Борис!