ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека денеска на ул.Тодор Александров бб привремено ќе биде исклучена Пумпната станица Водно со цел превентивна контрола на потисна цевка ф 300мм.
Без вода ќе бидат корисниците од населбите Водно, Црниче, Пржино и Козле (висока зона). Водоснабдувањето ќе биде нормализирано во најбрз можен рок, посочуваат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.