Корисниците од ул. „Никола Вапцаров“, на потегот од Министерството за правда до плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, утре од 8 часот ќе имаат прекинато водоснабдување.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, ќе се работи на отстранување дефект на ул. „Димитрија Чуповски“ бр.10 во Општина Центар.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.