Без струја денеска ќе бидат повеќе населени места од општините Студеничани и Зелениково.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без напојување со електрична енергија поради планирани зафати во електро – дистрибутивната мрежа денеска ќе бидат населените места Студеничани и Моране (Општина Студеничани) и Орешани, Таор, Зелениково, Смесница, Тисовица, Дејковец, Добрино, Ново Село, Пакошево и Градовци. (Општина Зелениково).