Корисниците од реонот Крушопек – Лака во општина Сарај денеска од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 6:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево и ЖТП Зелениково – Јане Сандански.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.