Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Центар, соопшти РЦУК.
Како што додаваат оттаму, во период од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од пат за Долно Лисиче, од Силбо до автоделови Цаки и Ливран ДОО во општина Аеродром, а во период од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од населба Драчево, односно дел од улиците „Иван Хаџи Николов“, „Мишевска“ и „Китка“ во Општина Кисела Вода.
Од РЦУК информираат и дека прекин во снабдувањето со струја во период од 12:00 до 15:00 часот ќе имаат корисниците од улицата „Славејко Арсов“ (м.в Шербетница над Шеста управа), во Општина Центар.