Скопје

Без струја делови од Визбегово и село Долно Лисиче

Без струја делови од Визбегово и село Долно Лисиче

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Бутел и Аеродром.

Како што соопшти РЦУК Скопје по известување од ЕВН, од 08:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од населба Визбегово, поточно објектите лоцирани на стариот Качанички Пат, во околината на фирмата – Карго Транс во Општина Бутел, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Лисиче, поточно ул. 2 ул. 3, ул. 22 и ул. Киро Фетак, во Општина Аеродром.

To top