Скопје

Без струја делови од општините Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров

Без струја делови од општините Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

– Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека денеска без електрична енергија ќе бидат корисници од овие општини, појаснуваат оттаму.

Според најавеното, во период од 07.30 до 15 часот, без струја ќе биде дел од Визбегово – улиците „3“ и „2“ и ОУ во Визбегово во општина Бутел.

Од 11.30 до 15 часот, делови од улиците „Лазо Димовски Ошенски“ и „Борис Бојаџиски“ во општина Ѓорче Петров.

Додека пак, во период од 07.30 до 15 часот, дел од населбите Маџари и Инџиково – улиците „Жан Жорес“, „Дончо Штипјанчето“, „Добре Ивановски“ и „22“ во општината Гази Баба.

To top