Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 07:30 до 15:30 часот, ќе сотанат дел од ул.Жан Жорес, РИО Кафе во Илинден, Дени Интернационал, Кромберт и Шуберт во Илинден, Делта Комерц и дел од Хиподром, информира РЦУК Скопје.
Струја 08:15 до 14:00 часот, ќе немаат и дел од бул.Никола Карев (кај Мулти Бренд), СТОП & ГО, Момин Поток кај Рибокомерц, од 09:00 до 12:00 часот дел од ул.Ваташа во Општина Кисела Вода, а од 09:00 до 17:00 часот, дел од ул.Костурски Херои-кај Католичка црква, дел од бул.Митрополит Теодосиј Гологанов и дел од ул. Св.Кирил и Методиј кај АМСМ во Општина Центар.