Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека, според известување од ЕВН, без електрична енергија денеска ќе бидат кориснци од неколку населени места во околината на Скопје, поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Од 8:30 до 15 часот струја ќе немаат корисници од Катланово: Тотинци, Бадар, Кожле, ЗИК Фазанерија, фирмите „Арадико“ и „Еуроленд Венгал“, Катланово, Катлановска Бања, Летевци, селата Брезница и Градманци, бензински пумпи „Макпеторл“ и „Окта“ и објектите околу автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово.
Без електрична енергија во истиот период ќе бидат и дел од корисниците на Петровец, дел од село Ржаничино, „М-Лаб“ и „Транс логистик“ во Општина Петровец.
Од 9 до 13 часот струја ќе немаат и корисниците во село Страчинци во Општина Гази Баба.
Во период од 9 до 13 часот, електрична енергија ќе немаат и дел од корисниците од ул.„Загрепска“, црква „Св.Јован Крстител“ во Општина Центар. (МИА)