Скопје Општина Ѓорче Петров

Александар Стојкоски во посебна новогодишна мисија: Традиционално китење на елката во мојот кабинет

Посакувам сите дечиња да се здрави и весели во новата година, објави Александар Стојкоски на својот фејсбук профил.

Александар Стојкоски во посебна новогодишна мисија: Традиционално китење на елката во мојот кабинет

Дечиња од градинката „Росица“, група „Сонце“, денеска во посебна новогодишна мисија – традиционално китење на елката во мојот кабинет, објави Александар Стојкоски на својот фејсбук профил.

„Овој настан секогаш ми претставува особено задоволство. Со многу радост и детска искреност заедно напишаавме писмо со желби за Дедо Мраз, кое најмладите и најмили дечиња го закачија на елката, надевајќи се дека ќе ги исполни нивните новогодишни соништа.

Малите гости ја надополнија позитивната атмосфера со радост, пеејќи весели песнички, со кои го повикаа Дедо Мраз да ги посети.

Како знак на внимание и благодарност за нивната креативност и труд, Општина Ѓорче Петров подготви чоколадно изненадување за секое дете, затоа што токму тие – нашите најмлади, се најголемото богатство на општината, потенцира во објавата градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Стојкоски.

Посакувам сите дечиња да се здрави и весели во новата година, објави Александар Стојкоски на својот фејсбук профил.

To top