На 29 јануари 2020 година, во сообраќајна несреќа на 69 години животот го загуби македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски Буштур.
Најголем дел од својата играчка кариера ја помина во Работнички, клуб со кој во сезоната 1975/76 популарниот Буштур, стигна и до полуфиналето на Купот на победниците на Куповите. Георгиевски беше и член на младинската репрезентација на Југославија, селекција која предводена од Лазар Лечиќ, ја освои Балканијадата во Ријека во 1970 година.
Година дена подоцна, беше дел од југословенската сениорска репрезентација која настапи на ЕП во Западна Германија, каде се закити со сребреното одличје. Како дел на селекцијата на СФРЈ, во 1976, Буштур стигна до олимпиското сребро, што е најголемиот резултат на еден македонски кошаркар во историјата на овој спорт.
По осамостојувањето, Георгиевски беше и селектор на македонската сениорска репрезентација, член на УО и на Собранието на Македонскиот олимписки комитет, а беше и претседател на олимпискиот совет при МОК.
Популарниот Буштур е роден на 15 октомври во Скопје.