Возачот на Ферари, Шарл Леклер беше најдобар, најбрз на денешните квалификации и ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Монако.
Леклер уште еднаш потврди дека добро се чувствува на домашен терен и по трет пат во кариерата ќе тргне од позицијата број еден во Монако со тоа што сигурно се надева дека ова ќе биде трета среќа за него и конечно ќе забележи победа.
Со ова Шарл воедно ја прекина доминацијата, серијата на Макс Ферстапен кој ја освојуваше пол позицијата на сите квалификациите во актуелнава сезона.