Република Нежилово

Заврши 22 Меѓународниот стрип салон и 5 та стрип колонија „ВЕЛЕС 2025“

Тие поминаа низ процес на заедничко творење на стрипови под водство и грижа од менторот Марко Стојановиќ (Лесковац, Србија) и организацискиот тим.

Заврши 22 Меѓународниот стрип салон и 5 та стрип колонија „ВЕЛЕС 2025“

Живописното село Нежилово близу Велес беше домаќин на 5 та Мегународна стрип колонија, традиционално организирана од страна на Стрип центарот на Македонија-Велес.

На истата колонија учесниците беа: Владимир Весовиќ, Ивица Сретеновиќ и Срѓан Тодоровиќ (Србија) потоа Боб Клисурски, Венцислав Крстев и Христо Тренев (од Бугарија) како и македонците Методија Стојановски (Куманово), Ангела Петрушевска и Елена Апостоловска( Скопје) и Меланија Стојанова, Тамара Николова, Симона Митреска, Горан Мазнев (од Велес).

Тие поминаа низ процес на заедничко творење на стрипови под водство и грижа од менторот Марко Стојановиќ (Лесковац, Србија) и организацискиот тим.

Со завршетокот на овогодинешната стрип колонија заврши и 22-от Мегународен салон на стрип „ВЕЛЕС 2025“, финансиран од страна на Министерството за култура на РС Македонија и Општина Велес.

To top