Државниот Инспекторат за храна ја забрани за пиење водата од локалните водоводи во селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта.
Лабораториските анализи покажале дека во сите осум села недостасува резидуален хлор, што укажува на несоодветна дезинфекција.
Дополнително, во четири од селата – Свиништа, Куратица, Речица и Опеница – е утврдено и микробиолошко загадување со бактеријата Ешерихија коли, што ја влошува состојбата и претставува сериозен ризик по здравјето на населението.
Забраната е донесена со решение на државен инспектор за храна, а жителите се повикани водата да не ја користат за пиење сѐ додека не се отстранат утврдените недостатоци и не се потврди нејзината исправност.