Република Крива Паланка

Втора награда на меѓународниот фестивал „Морски бисер“ за учениците од угостителската струка

Оваа награда е потврда на потенцијалот што нашите ученици го поседуваат и квалитетната настава и обука, пракса со која се стекнуваат во нашето училиште, за да можат да се носат рамо до рамо со врсниците од разни држави, како и да бидат дел од настан и директно да учат од врвни мајстори, готвачи и искусни кулинари од регионот, рече професорот Петровски.

Втора награда на меѓународниот фестивал „Морски бисер“ за учениците од угостителската струка

Ученици од угостителската струка од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ Крива Паланка освоија втора награда на дваесеттото, јубилејно издание на престижниот кулинарски фестивал на храна и вино, „Морски бисер“, што од први до петти април се одржа во Општина Супитер, Хрватска, на островот Брач.

Тимот од Крива Паланка беше предводен од менторот, професор Дане Петровски, a наградата им беше доделена во категорија за подготовки на традиционални јадења на модерен начин.

-Задоволство и голема одговорност е да се биде претставник на македонската делегација, да се биде дел од врвни мајстори на кулинарството од над триесет држави, учеснички на овогодишниот фестивал. До толку повеќе, гордоста е голема во таа силна конкуренција, каде над петстотини учесници од угостителски школи, шефови на кујни, слаткари, освоивме второ место или сребрен медал по оценката на жири-комисијата, за нашите специјалитети , почнувајќи од предјадење, главно јадење и десерт. Подготвивме топло предјадење-топено сирење на модерен начин, главно јадење: пилешко месо во сос од кикирики со свеж зеленчук, а десерт беше познатото трилече. Оваа награда е потврда на потенцијалот што нашите ученици го поседуваат и квалитетната настава и обука, пракса со која се стекнуваат во нашето училиште, за да можат да се носат рамо до рамо со врсниците од разни држави, како и да бидат дел од настан и директно да учат од врвни мајстори, готвачи и искусни кулинари од регионот, рече професорот Петровски.

Интернационалниот фестивал „Морски бисер“ е познат фестивал на Медитеранот и во Европа, што секоја година на островот Брач ​​ собира врвни професионалци, готвачи и кулинарски експерти од целиот свет. Настанот го организира Здружението на готвачи од медитеранските и европските региони ШКМЕР со цел да ги обедини готвачите, келнерите, менторите, професорите по стручно образование и студентите кои се впуштаат во кулинарски кариери, претставувајќи ги на едно место своите знаења, вештини, компетенции, искуство, ентузијазам, страст и почит кон колегите, културата, традицијата и гастрономијата.

To top