Република ТППЕ Струмица

Во Струмица изгоре столарска работилница

Причинета е значителна материјална штета, а од пожарот нема повредени.

Во Струмица изгоре столарска работилница

Попладнево околу 15 часот на улицата „Ристоман Попчевски“ во Струмица изгоре столарска работилница. Причинета е значителна материјална штета, а од пожарот нема повредени.

Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето учествувале две против пожарни возила и шест пожарникари.

Според информацијата од струмичките пожарникари столарската работилница била сместена во дрвена барака која од пожарот е целосно изгорена.

Најнови вести од Република

To top