Попладнево околу 15 часот на улицата „Ристоман Попчевски“ во Струмица изгоре столарска работилница. Причинета е значителна материјална штета, а од пожарот нема повредени.
Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето учествувале две против пожарни возила и шест пожарникари.
Според информацијата од струмичките пожарникари столарската работилница била сместена во дрвена барака која од пожарот е целосно изгорена.