Република кај паркот Кртеќе

Во Штип се гради турбо кружен тек

Во Штип се гради турбо кружен тек

Почна изградбата на првиот турбо кружен тек на крстосницата кај паркот Кртеќе во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека изградбата на турбо кружниот тек, но и двонасочен сообраќај од зградата на Основниот суд во Штип до овој кружен тек значително ќе го намали сообраќајниот хаос во овој дел на градот.

-Овде во наредниот период ќе се работи на турбо кружен тек, за којшто верувам дека ќе ја подобри состојбата во сообраќајот, ќе ја подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот, како и протокот на возила до Клиничката болница во Штип, вели Јорданов.

Проектот ќе се реализира етапно, со цел да не се прават пречки и застој во сообраќајот, бидејќи оваа крстосница води до неколку институции, како и до регионалниот Клинички центар. Од буџетот на Општина Штип издвоени се 10 милиони денари за реализација на проектот, во кој е предвидено изградба на турбо кружен тек, проширување на коловозот и целосно осветлување.

Поврзани теми

To top