Во општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател ќе може да изберат вкупно 86.405 луѓе, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово. Денеска може да гласаат 235 луѓе кои се на издржување мерка притвор или затвор, како и болни лица.
– Денеска гласаат лицата кои се наоѓаат во затвор или издржуваат мерка притвор. Во затворот Тетово право на глас имаат 54 затвореници. Исто така, ден пред избори гласаат болните и немоќните лица каде од 218 доставени барања до Општинска изборна комисија Тетово 181 барање беа прифатени од страна на ОИК. Денеска 181 лице, болни и немоќни лица имаат право да гласаат ден пред избори. Избирачките одбори се на терен да спроведат процедура на гласање на болни и немоќни лица и чекаме до крајот на денот тие да не известат колку од 181 лица гласале до 19 часот навечер, информираше Назми Даути, од ОИК Тетово.
Денеска ОИК Тетово го распределува изборниот материјал до 117 избирачки места во колку ќе се спроведе утре изборниот процес.