Во пресрет на двојните избори – претседателските во вториот круг и парламентарните избори, денес во општина Маврово и Ростуше ќе гласаат вкупно 68 болни и изнемоштени лица.
Од ОИК информираат дека во рокот биле пријавени 70 болни и изнемоштени лица, од кои 68 ги исполнувале условите за да гласаат.
Според претседателот на комисијата Реџеп Агаи, изборниот процес се одвива без тешкотии и очекува попладнево сите пријавени да го остварат гласачкото право. Агаи посочи и дека засега добро одат и подготовките за утрешниот ден и не очекува застои во гласањето.