Република соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Јегуновце формираше и сопствено јавно претпријатие, сега не чекаат помош од други, за комуналните проблеми се грижат сами

За четири години градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека со многу работа, чесно да ги трансформираат општините што ги водат, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу општините водени од ВМРО-ДПМНЕ е и општина Јегуновце. На територијата на општината решен е проблемот со поплави, за прв пат регулирано е речното корито на Вардар. Исто така општина Јегуновце за прв пат формираше јавно претпријатие и за комуналните проблеми се грижи самата општина. Граѓаните, на неколку села од општината добија питка вода за пиење, нешто што требало одамна да биде решено. Се инвестира во сите граѓани, се асфалтираат улици, се проширува канализациска и водоводна мрежа. Обновата на општините не сопира тука, продолжува со уште позасилено темпо, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top