„Еевакуацијата” продолжува, сега на ред за евакуација дојде и претседателот на локалниот огранок на ЛДП во Битола. Димитар Кузмановски локалниот претседател на ЛДП во Битола од оваа недела е на ново работно место во државната компанија ФОД Битола, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Од таму посочуваат дека оваа влада, со секој изминат ден е се поблиску до големиот пораз.
-Толку беше од грижата за Битола, единствено за оваа коалиција СДС, ДУИ и ЛДП, важни се јавните набавки склучени во 4 очи, односно тендерите за ископ на јаглен со милонски суми во РЕК Битола и вработувања на партиските функционери на работни места со високи плати. Оваа влада, со секој изминат ден е се поблиску до големиот пораз и свесни за тоа, им остана да се занимаваат само со вакви дрски вработувања без никаква грижа кон граѓаните. Затоа ситуацијата е ваква каква што е – очајна, а изгубените ЛДП, чираци на СДС и ДУИ, секој ден подлабоко пропаѓаат во жива песок, велат од ВМРО-ДПМНЕ Битола.