Француското Министерство за Европа и надворешни работи додели високо признание за средното општинско училиште, Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола.
Од Почесниот конзулат на Република Франција во Битола потврдија дека станува збор за брендот LabelFranceEducation кој на посебна церемонија ќе биде претставен и врачен во овој град.
-Оваа година битолската Гимназија одбележува 20 годишнината од реализацијата на двојазична франкофонска настава во гиманзијата. Поводно за јубилејот, францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер на гимназијата ќе и го врачи брендот LabelFranceEducation што го доделува Француското Министерство за Европа и надворешни работи како признание за извонредност на двојазичните франкофонски паралелки во странство, информираа од Почесниот конзулат на Франција во Битола.
На свечена церемонија со пригодна програма, пред претставници од општественото и културното живеење на градот, Гимназијата на 13 ноември во битолскиот Офицерски дом ќе го презентира своето дведецениско успешно интегрирање на францускиот јазик во едукативниот процес.