Денес (четврток) 20.02.2025 година, во 10.45 часот во близина на с.Банско, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило кое во моментот на пристигнувањето беше во разгорена фаза, објави Пожарникари – Струмица.
„За кратко време пожарот беше локализиран и ликвидиран. Причинета е значителна материјална штета“, потенцираа во објавата.
-Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193, објави Пожарникари – Струмица.