Синоќа, жители на Ростуше доживеаја непријатен момент откако голема мечка се појави на паркинг во селата, прошета меѓу возилата и предизвика вознемиреност. Кучињата во околните дворови почнале гласно да лаат.
Мештаните успеале да ја снимат мечката, a видеото набргу се појави на социјалните мрежи, каде јасно се гледа дека се работи за голема мечка.
Според првичните согледувања, мечката најверојатно подоцна се упатила назад во шумата.
Нема ниту информации дека некој бил повреден.