Република повредени нема, но има поголема материјална штета

Велешките пожарникари спречија ширење на пожар во гаража во селото Бузалково

Благодарение на брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири кон останатите објекти, потенцираа од ТППЕ Велес.

Велешките пожарникари спречија ширење на пожар во гаража во селото Бузалково

Територијалната Противпожарна единица Велес синоќа во 21:15 часот, добила дојава за пожар во гаража во село Бузалково.

Тие веднаш се упатиле на терен со две противпожарни возила и четврица пожарникари, а кога стасала на местото на пожарот кој бил во развиена фаза побарале и добиле и дополнително засилување – дотур на вода и уште двајца пожарникари.

Во пожарот има причинета материјална штета. Благодарение на брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири кон останатите објекти, потенцираа од ТППЕ Велес.

To top