Македонски евергрини во изведба на оперските пејачи од „Трио Џентлмен“ синоќа беа на програмата на „Кривопаланечко културно лето“.
Кривопаланчани повторно дојдоа во голем број на градскиот плоштад и летната сцена и уживаа во маестралната изведба на вечните македонски хитови со концертот „Македонска евергрин рапсодија“.
Настапот на професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски – тенор беше уште една можност граѓаните да уживаат во квалитетна музичка вечер, во организација на Општина Крива Паланка, заедно со институциите од областа на културата: ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, Крива Паланка.
„Кривопаланечко културно лето“ 2025 продолжува со две вечери посветени на најмладите, пантомима со Кирил Трајковски, вечрва, со почеток во 20 часот и 30 минути, утревечер на програмата е детскиот мјузикл „Шеќерна приказна“, претстава за слаткарот Марко, коларот Ване и слаткото шеќерно дете во изведба на театарската продукција „Артленд Арт“ со авторска музика и текст, колоритната костимографија и сценографија.
Во сабота во ЛУ Гардски музеј Крива Паланка ќе се одржи спектакуларна изложба на ансамблот „Мањифико“ со над 240 експонати од гостувања по светот и од домашни концерти.
Сите настани од „Кривопаланечко културно лето“ започнуваат в 20 часот и 30 минути.