Република културно- забавно шаренило

Три дена музика, традиција и забава во Македонска Каменица по повод Денот на рударите – 26, 27 и 28 август 2025

„Да прославиме заедно – со рударите, за рударите, и за сите што го сакаат животот во ритам“ – порачуваат организаторите на овој културно-забавен ивент!

Три дена музика, традиција и забава во Македонска Каменица по повод Денот на рударите – 26, 27 и 28 август 2025

Македонска Каменица и оваа година со гордост го одбележува Денот на рударите – 28 август, со тридневна културно-музичка програма што ќе ја претвори градската сцена во центар на традицијата, современите звуци и незаборавните емоции. Организатори на прославата се Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“, а настанот е под покровителство на Рудникот „Саса“, кој со години ја поддржува оваа значајна прослава на рударскиот труд, заедништво и гордост.

Првата вечер – Фолклорна магија (вторник, 26 август 2025) Вечер посветена на ритмите и играорците! Ќе настапат: • Културно-уметничко друштво од Република Бугарија.

Културно-уметничко друштво од Република Србија, Ф.А. „Китка“ од Истибање, КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица. Шаренилото на костимите, песните и ората ќе ја претвори сцената во мозаик на културно богатство и пријателство меѓу народите.

Плакат

Втората вечер – Рок енергија (среда, 27 август 2025) Публиката ја очекува вистинска експлозија од емоции и добро познати звуци: • Спасен Силјаноски – глас кој носи топлина и традиција. REPLAY BAND – Unplugged со хитови во ново светло. Легендарните Дивље јагоде, со рок енергија што со децении ја полни балканската сцена. Големото финале – Денот на рударите (четврток, 28 август 2025) во 20 часот вечерта ќе ја отворат најмладите – хорот „Поточиња“ и нивниот Поки. Забавата потоа продолжува со: ДЈ Пајак – со сет што ќе ја подигне енергијата, Митан проект и Андијана Јаневска – совршен спој на традиција и современост, обоен со нејзиниот магичен глас и за крај – рокерката Дани Димитровска, чиј моќен вокал ќе биде вистинска круна на прославата. Македонска Каменица повторно ќе пулсира како град на културата, забавата и заедништвото.

„Да прославиме заедно – со рударите, за рударите, и за сите што го сакаат животот во ритам“ – порачуваат организаторите на овој културно-забавен ивент!

To top