Еден од моите приоритети е изградбата на регионален пат Пробиштип – ски-центар Пониква. Овој пат ќе значи директна врска со еден од најубавите планински центри на Осогово. Поттик за турзимот, нови работни места и развој на локалните бизниси, ветува кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Пробиштип Тони Тоневски.
Дополнителна активност за младите.
Со современи стандарди, заштита на природата и предвидена зимска проодност.
Патот ќе ја отвори вратата кон нов економски и туристички циклус за целиот регион.
Пониква е нашиот зимски бисер.
Ќе изградиме детско одморалиште за настава во природа и организирање на летни и зимски кампови за нашите ученици.
Пробиштип се сака со проекти и дела.
За тебе. За твоето место. За твојата иднина!, вели Тоневски.